Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Србија продолжуваат протестите и блокадите на студентите

/

пред 617 дена

Сподели преку :

Студентите од Србија денеска ги повикаа граѓаните да се соберат на улиците низ сите градови за да ги поддржат нивните барања на стотиот ден од падот на настрешницата во Нови Сад при што загинаа 15 луѓе.

Во Белград е најавена блокада од 11 до 18 часот на најпрометниот мост Газела, додека во Нови Сад од 11 до 14 часот ќе бидат блокирани трите главни раскрсници, со што ќе биде оневозможен влез во градот.

Протести во Србија почнаа по уривање на настрешница на железничка станица во Нови Сад на 1 ноември. Студентите бараат одговорност за трагедијата, тврдејќи дека корупцијата и неквалитетната работа довеле до несреќата.

Протестите се проширија речиси во сите градови со барање на оставки. Студентите продолжуваат со протестите, барајќи суштински промени и одговорност за трагедијата.