Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во среда во Филхармонија – премиера на „Кајмак“ на Милчо Манчевски

/

пред 1420 дена

Сподели преку :

Премиерата на филмот „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски ќе биде во среда во македонската Филхармонија, а од наредниот ден ќе почне истовремено да се прикажува во речиси 30 градови низ Македонија.

„Кајмак“ е љубовна приказна за возрасни. Тоа е црна комедија за две семејства кои се пристоини на почетокот, а среќни на крајот.

Филмот е бесмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода. По сценарио и режија на Манчевски, во филмот играат Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска и други.

Неодамна, „Кајмак“ имаше светска премиера на токискиот фестивал, а веднаш потоа отпатува во Тајван, каде се прикажа на филмскиот фестивал „Златен коњ“.