Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во тетовска Брвеница откриена спомен биста подигната во чест на Жарко Кузмановски

/

пред 1609 дена

Сподели преку :

Во тетовска Брвеница денес беше откриена спомен биста подигната во чест на Жарко Кузмановски, припадник на Специјалната единица Тигар при МВР, кој загина во вооружената престрелка во кумановската населба Диво Насеље, пред 7 години.

За Кузмановски, како еден од хероите кои оставија вечна трага во историјата на нашата земја, говореа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, припадникот на Специјалната единица Тигар, Стефан Соколов, како и портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Кузмановски постхумно е одликуван медал за храброст од претседателот на државата.