Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Уставeн формирани се два предмета по иницијативи за проектот „Безбеден град“

/

пред 250 дена

Сподели преку :

Во Уставниот суд формирани се два предмета по поднесени иницијативи во кои се оспорени измени на Законот за прекршоци за реализација на проектот „Безбеден град“.

Подносителите на едната иницијатива Зиадин Села, Илире Даути, Елми Азири наведуваат дека за нив е спорно што со овој проект се наметнува законска обврска на сите граѓани да имаат личен телефонски број, електронска адреса за да се остварат комуникациите и да се биде достапен при евентуална порака за прекршок.

За другиот подносител на иницијативата Или Пачуку е спорно тоа што овој систем се применува само на територијата на градовите Скопје, Куманово и Тетово.