Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Владата немаме никакви разлики – Бујар Османи за критиките на АА дека ДУИ треба да оди во опозиција

/

пред 1077 дена

Сподели преку :

Нема проблем во Владата, министрите сите меѓусебно комуницираат, е коментарот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, откако Азир Алиу, министер од АА, рече дека ДУИ треба да се „апдејтира“ и да оди во опозиција.

Алијанса за Албанците не се воздржуваат од критики кон ДУИ, иако се коалициони партнери во Владата, но Османи вели дека немаат никакви разлики.

„Во Влада немаме никакви разлики, најсоодветно комуницираме соработуваме сите министри дали Алијанса, дали ДУИ, дали СДСМ, така да апсолутно немам приметено никаква разлика во ставови или забелешки по однос на било кој од работењето на коалициските партнери и мислам дека тоа е важно, останатото нема да го коментирам“, порача Османи.