Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Водата се повлече во Валенсија, сите напори фокусирани во потрагата по исчезнатите

/

пред 703 дена

Сподели преку :

Најмалку 95 лица загинаа во најголемата природна катастрофа што ја погодила Шпанија изминативе децении. Потрагата продолжува и спасувачките екипи се во трка со времето за пронаоѓање на преживеани меѓу исчезнатите, поради прогнозите на метеоролозите дека погодените региони ги очекуваат нови врнежи. Поради тоа властите стравуваат дека бројот на жртви ќе биде уште поголем.

„Всушност бевме соочени со многу комплексни спасувачки операции во ситуација на пороен дожд со силен интензитет и многу малку време за реагирање. За потсетување, првите спасувачки операции ги извршивме во општината Утил со нашиот хеликоптер“ изјави Хозе Мигел Басет – Главен инспектор на Противпожарната служба.

Локалните жители обвинија дека системот за предупредување бил активиран доцна, откако регионот бил под вода веќе неколку часа, а поради тој пропуст настана расправија помеѓу министерството за внатрешни работи и локалните власти. Централната влада тврди дека активирањето на системот за предупредување било обврска на локалната власт, која пак инсистира дека тоа требало да го направи Дирекцијата за цивилна заштита, која е под ингеренции на владата во Мадрид.

„Луѓето не ги интересира дали во моментов има политичка дебата или политички контроверзии. Совршено добро знаат сите што направиле како што треба, а што не. Јас можам само да ги пофалам единицата за вонредни состојби и шпанската армија“ изјави Маргарита Роблес – Министерка за одбрана на Шпанија.

Најтешко погоден е јужниот регион Валенсија, каде улиците во истоимениот град и неколку населени места изгледаа како брзи реки. Надојдената вода носеше се пред себе, а по нејзиното повлекување останаа купишта отпад од дрвја, мебел и автомобили. Потрагата по исчезнати, ја фрла во сенка исклучителната потреба од расчистувањето на отпадот и калта, за да се олесни движењето и да пристигне потребната помош. Обемот на работа која ги очекува служби е неверојатно голем, а показател за тоа е што прекината е и брзата железничка линија меѓу Валенсија и Мадрид, затоа што поплавата предизвикала значителна штета на пругата.

Игор Трајков