Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Водата во Берово забранета за пиење – пронајдена е поголема количина манган

/

пред 690 дена

Сподели преку :

Водата во Берово е загадена, во неа има поголемо количество на манган од дозволеното. Нормалното присуство на манган треба да изнесува 0,5, а примероците утврдуваат дека е зголемена на 0,11. Тоа го покажуваат резултати на Центарот за јавно здравје-Кочани, по кои Агенцијата за храна и ветеринарство уште вчера ја забрани водата за пиење. Градоначалникот на Општина Берово апелира до граѓаните да не се грижат бидејќи ќе бидат снабдувани со вода со цистерни, кои ќе бидат полнети од Делчево.

„Од страна на јавното комунално претпријатие се преземени соодветни мерки за доведување на водата во нормални мерки. Во меѓувреме е направен распоред и од утре ќе почне да се врши дотур на вода на одредени локации“, изјави Звонко Пекевски, градоначалник на Општина Берово.

Според досегашните редовни анализи на водата количината на манган била во нормалните вредности. Ова е првпат да има пораст. Берово е снабдувана со вода од акумулација во која има сурова вода. Во последните две години се врши целосна реконструкција на филтер станицата.

Набрзо ќе бидат направени две последователни мерења и според резултатите ќе се знае дали тогаш граѓаните ќе може да пијат од водата.

Освен во Берово, неодамна имаше забрана за пиење на водата во Струмица и Општина Василево. Во Струмица водата не се користеше месец дена бидејќи беа откриени манган и бактерии. Надлежните се сомневаа на политизација од локалната кон централната власт, а граѓаните беа со поделени мислења дали водата навистина била загадена и дали да ја пијат.

Тамара Марковска