Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Војната им дојде преку глава – жителите на Газа бесни и на Израел и на Хамас

/

пред 1043 дена

Сподели преку :

Портпаролот на Хамас издаде предупредување дека животите на израелските заложници би можеле да бидат загрозени во екот на жестоките борби меѓу израелски сили и припадниците на палестинската милитантна група на југот на Газа.

Истовремено, жители во Појасот за западните медиуми изјавија дека се уморени од војната и оти сакаат припадниците на Хамас да се предадат, со цел да завршат деструктивните процеси во регионот.

Во меѓувреме, Катар продолжува со дипломатската офанзива за ослободување на уште заложници, но премиерот на земјата, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани вели дека „за жал не постои иста подготвеност како во изминатите недели“.

Ситуацијата ширум Газа е неподнослива. Најголем број од зградите се уништени во израелските воздушни и копнени напади, над еден милион цивили се протерани од нивните домови и притиснати во т.н. „сигурни зони“ кои ни одблиску немаат инфраструктура и услови за престој на толку голем број на луѓе.

Болниците се пренатрупани и едвај функционираат без ресурси додека бројот на Палестинци се зголемува од ден во ден. Според Хамас, од почетокот на израелските напади на 7 октомври се убиени над 14.000 лица.