Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вонредна состојба во 20 американски држави поради силна бура

/

пред 252 дена

Сподели преку :

Најмалку 20 американски држави прогласија вонредна состојба поради силна зимска бура која се протега од Ново Мексико до Мејн и носи снег, мраз и екстремно ниски температури.

Повеќе од 180 милиони луѓе се ставени во состојба на готовност, јавуваат американските медиуми.

Бурата предизвика сериозни нарушувања во сообраќајот, при што над 8.000 летови се веќе откажани, што 25 јануари го прави еден од најтешките денови за американската авијација.

Најпогодени се аеродромите во Њујорк, а голем број сојузни држави воведоа итни мерки.

Федералната агенција за управување со вонредни состојби ги мобилизира ресурсите, вклучително и храна, вода и генератори, додека претседателот Доналд Трамп ги повика граѓаните да останат на безбедно и да се заштитат од студот.