Една жена загина, а петмина се повредени во вооружен напад во ресторан во Индијанаполис, САД. Хоспитализираните се во стабилна состојба. Според полицијата, во локалот дошло до расправа меѓу две групи што ескалиралa до пукање. Засега нема уапсени лица.











