Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вооружениот бунт на „Вагнер“ е „нож во грб“ вели Путин

/

пред 1214 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател го осуди навлегувањето на платениците од „Вагнер“ на руска територија како „предавство“ и им се закани на инволвираните со строга казна.

Водачите на бунтот ќе сносат одговорност, порача Путин.

Путин денеска и се обрати на нацијата по повикот на шефот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, на вооружен бунт и навлегувањето на платенички сили во  градот Ростов на Дон, велејќи дека тоа е „предавство“ и вети дека ќе „го брани народот“ и Русија.

Рускиот претседател оцени дека бунтот претставува „смртоносна закана за државата“ и вети дека како одговор ќе преземе „строга акција“.

„Сите оние кои го подготвија бунтот неизбежно ќе бидат казнети. Вооружените сили и другите владини агенции ги добија потребните наредби“, рече Путин.