Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Возел со 3,05 промили алкохол во крвта – приведен кавадарчанец

/

пред 524 дена

Сподели преку :

Утрово во 4 часот, при сообраќајна контрола на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициски службеници го лишиле од слобода А.М. (35) од село Глишиќ, кавадаречко.

При сообраќајна контрола, соопшти денеска МВР, е сопрено е патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал А.М. и по преземените мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,05 промили алкохол во крвта.

„А.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.