Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Вознемирувачкo видео) Групна тепачка меѓу ученици во училиште во Сарај

/

пред 305 дена

Сподели преку :

Вознемирувачко видео од групна тепачка меѓу ученици се шири на социјалните мрежи, а според објавите, инцидентот се случил во училишниот двор на централното основно училиште „Дитурија“ во скопското село Сарај.

На снимката се гледа како учениците разменуваат боксови и клоци, додека дел од присутните набљудуваат и го снимаат настанот со мобилен телефон.

Засега нема официјални информации дали во инцидентот има повредени и каква е нивната состојба.

Од СВР Скопје за Телма информираат дека кај нив има пријава за случајот и дека во моментот се работи на расчистување на истиот.

Повеќе детали и информации најавуваат во текот на денот.

Вознемирувачката содржина може да ја погледнете на линкот.