На социјалните медиуми се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како млади луѓе заробени од огнот во барот во Кран-Монтана очајно се обидуваат да избегаат низ единствениот излез, кој е блокиран.
🚨🇨🇭🔥 Des personnes prises au piège par les flammes dans le bar de Crans-Montana tentent désespérément de s’échapper par la seule issue, qui est bloquée. (témoins) pic.twitter.com/aBQXtKRME9
— SuisseAlert (@SuisseAlert) January 1, 2026
19-годишниот Натан Хугенин го опишува кошмарот низ кој поминал и како пред очи видел изгорени тела.
- „Сè уште сум во шок. Не можам да сфатам што се случи. Чувствувам како да е всушност кошмар, дека ќе се разбудам. А синоќа, не спиев ни секунда, не можев, ги затворив очите и сè ми се враќаше бидејќи видов луѓе како се реанимираат. Видов луѓе како се целосно изгорени. Видов луѓе како умираат. Искрено, беше доста комплицирано и доста тешко за поднесување. Бев надвор, па видов големо црвено светло во барот со многу прашина, а потоа видов луѓе како се туркаат едни со други, паѓајќи по скалите во бес за да избегаат, да речеме, бидејќи искрено, првиот што излезе беше спасен. Доста е трагично да се види бидејќи некои беа згазени, а знам дека некои не можеа да излезат и за жал починаа внатре“ – Натан Хугенин.
Жители на Кран – Монтана велат дека ова е место каде излегуваат пред се млади луѓе на тинејџерски години. Кои во паника се обидувале да го напуштата објектот зафатен од огнот.
- „Работата е што имаше многу луѓе на влезот кои се обидуваа да избегаат, а беше преполно и луѓето газеа по сите и се обидуваа да избегаат, и луѓе… Многу луѓе врескаа, се обидуваа да избегаат, а видов многу луѓе на подот и мислам дека овие луѓе беа мртви“ – Самуел Рап, очевидец.
- „Околу 1:20 часот наутро, луѓето навистина почнаа да излегуваат. Сите помагаа и ги носеа. Во основа, идејата беше само да се оддалечат луѓето од барот. Потоа, тоа се случи во три фази: првата фаза беше да се однесат луѓето од барот, втората фаза беше да се сместат во “1900“, кафулето веднаш до него, за да се затоплат, бидејќи термичкиот шок беше еден од главните проблеми, мислам. А потоа, после тоа, сите беа преместени во UBS, каде што беше потопло, имаше повеќе простор и повеќе светлина, повеќе светлина за гледање, сите што беа, да речеме, помалку сериозно погодени“ – Доминик, жител на Кран-Монтана.











