Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вознемирувачко видео: Жена во Харков оди по улица, а на неколку метри од неа паѓаат гранати

/

пред 1631 дена

Сподели преку :

На социјалните мрежи се појави ново видео од бомбардирањето на Харков. Видеото го објави Олена Халушка, вработена во Украинскиот центар за борба против корупцијата. Тоа е невладино, граѓанско здружение, а самата Халушка има околу 50.000 следбеници на Твитер.

Таа ја објави снимката вчера. На снимката, која се чини дека е скриншот од монитор на камерата за надзор, се гледа пат и неколку пешаци. Во преден план е личност, веројатно жена, која носи торби и го поминува патот. Во позадина се гледаат уште две лица како трчаат преку патот.

Во еден момент на сред улица експлодираат два проектила. Лицето во преден план на видеото паѓа на патот од силината на ударот, но набрзо станува и продолжува понатаму.

Видеото е вознемирувачко.