Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Врховен одлучи да ја врати екстрадицијата на Блерим Рамадани пред Кривичниот суд

/

пред 801 дена

Сподели преку :

Врховниот го укина решението на Кривичниот суд кој не дозволи екстрадиција за поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани. Сега Кривичниот суд односно советот од тројца судии ќе треба повторно да одлучува и да ги има предвид укажувањата на највисокиот суд. Врховен оценил дека претходната одлука е нејасна нерзабирлива и дека не биле дадени релевантни причини поради кои советот ја донел одлуката.

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, при донесување на својата одлука со која утврдил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на именуваното лице, не дал образложени причини од кои се раководел кога прифатил дека постапката започната согласно член 75 став 1 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, како скратена постапка да се води како редовна постапка согласно член 68 во врска со член 51 од истиот закон, стои во соопштението од Врховен.

Дури и македонските судови да одлучат дека треба да биде испорачан во Србија, Рамадани е веќе една недела во Косово.

Додека врховните судии одлучуваа за екстрадицијата на Рамадани, партиите се препукуваа кој му помогна да избега.

Од СДСМ обвинија дека МВР ја крие вистината и најавија дека ако институциите не одговорат ќе ја разоткријат шемата во која со помош на структури од власта Рамадани два пати ја минал државната граница со Косово додека бил во Куќен притвор

-Дали е точно, дека на 10.8., кога Рамадани бил во куќен притвор, тој всушност си бил на Косово? Дали е точно дека на тој ден околу 18 часот и 40 минути, Рамадани со возило, без да биде застанато на границата, бил однесен на Косово и доцна вечерта вратен во куќниот притвор во Македонија? Понатаму, прашуваме, дали е точно дека на 14.8 односно дента кога е избеган Рамадани, тој ја напуштил државата на ист начин со службено возило на државна институција, управувано од човек вработен во институциите, а повторно пропуштен на граничниот премин без никаква контрола? праша Митко Трајчулески, пратеник од СДСМ.  

ВМРО  ДПМНЕ  ги негираше обвинувањата на опозицијата и го критикуваше Судскиот совет што се уште не се произнел за судијата Пајазити

-Самиот факт што СДС фамозните наводи ги презентираат во прашална форма говори дека се свесни дека лажат и ловат во матно. Жално е да се гледа како СДС панично се обидуваат да го заштитат Пајазит Пајазити, кој е единствено одговорен зошто сега Блерим Рамадани е на слобода. Да изречеше Пајазити затворски притвор, сега Рамадани ќе беше во Шутка, рече пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Според информациите на Телма, комисијата од Судски го чека предметот за Рамадани од Врховниот суд кој до денеска одлучуваше за екстрадицијата. Откако ќе го разгледаат ќе изготват извештај во кој ќе биде констатирано дали имало пропусти кај судијата. Потоа извештајот ќе се разгледува на седница од сите членови кои ќе донесат одлука што понатаму.

Елена Ивановска Мукоска

 

 

 

 

 

 

 

 

.