Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Врховиот суд на Романија ги поништи резултатите од првиот на претседателските избори

/

пред 683 дена

Сподели преку :

Врховниот суд на Романија денеска ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори, додавајќи дека целиот процес ќе мора да се повтори, пренесува „Ројтерс“.

Во документите од кои Судот ја тргна ознаката на тајност, се наведува дека земјата била мета на „агресивни хибридни руски напади“ за време на изборниот период.

„Процесот за избор на претседател на Романија ќе биде повторен во целост, а владата ќе одреди нов датум“, стои во соопштението на Судот што го пренесува „Ројтерс“.

Вториот круг требаше да се одржи во недела за што гласањето во странство веќе е во тек. Судот не го доведува во прашање исходот на парламентарните избори.