Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Врховниот суд на Бразил ја поддржува декриминализацијата на поседувањето марихуана за лична употреба

/

пред 848 дена

Сподели преку :

Врховниот суд на Бразил денеска ја поддржа декриминализацијата на поседувањето марихуана за лична употреба, објавија локалните медиуми.

-Јасен е ставот дека ниту еден корисник на која било дрога не може да се смета за криминалец  изјави судијата Диас Тофоли, шестиот судија во 11-члениот совет на Врховниот суд кој и самиот гласаше за декриминализација.

Досега тројца судии се спротивставија на одлуката за декриминализирање на поседувањето канабис, вклучувајќи го и најновиот член, Кристијан Занин, кој беше назначен од бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва.

Декриминализацијата на употребата на марихуаната се разгледува во Врховниот суд од 2015 година, а мнозинството судии гласаа за нејзина декриминализација во време кога политичарите предлагаат уставна забрана за употреба на нелегални дроги.