Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за мандатар за состав на новата Влада на Србија

/

пред 936 дена

Сподели преку :

Српскиот претседател Александар Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ, лидер на Српската напредна странка (СНС) и актуелен министер за одбрана, за мандатар за состав на новата влада.

Вучиќ на Инстаграм напиша дека по консултации со претставници на изборните листи, кои беа избрани на изборите во декември, донел одлука за „предлог на кандидат за претседател на владата“.

„Му предлагам на Народното Собрание на Србија, Милош Вучевиќ како кандидат за премиер на Србија“, објави Вучиќ.

Вучевиќ лани беше избран за претседател на СНС, откако Вучиќ се повлече од функцијата.