Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ: Ќе напишам бестселер за мојата победа

/

пред 610 дена

Сподели преку :

Властите од Србија на чело со претседателот Александар Вучиќ упатија обвинување до студентите дека се странски платеници и дека се обидуваат да извршат обоена револуција и да ја соборат владата без избори.

„Нека знаат сите. Се е готово со тоа. Србија победи. И вие никогаш нема да ја победите Србија“, рече тој откако обвини дека УСАИД и други западни организации ги поддржуваат студентите.

Вучиќ вчера на собирот на неговите поддржувачи во Сремска Митровица оцени дека студентските протести ќе траат уште неколку недели.

Тој еуфорично тврдеше дека ја победил обоената револуција и дека ќе напише учебник за неа, бестселер кој ќе се продава во милиони примероци ширум светот.

Властите во Србија ги поздравија илјадниците поддржувачи на митингот про-Вучиќ од целата земја, како и од соседна Босна.

Претседателот — кој владее со Србија со цврста контрола на власта повеќе од една деценија — и неговата десничарска Српска напредна партија претходно беа обвинети за задушување на демократските слободи, јавно дискредитирање на противниците и местење на изборите, а тоа беше нотирано и од страна на меѓународните набљудувачи на последното гласање.