Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ тврди ја повлекува војската од границата со Косово – Курти вели го следиме секое движење српската војска тргна од три страни кон Косово

/

пред 1099 дена

Сподели преку :

Српскиот претседател Александар Вучиќ по пораките од ЕУ и САД за деескалација на ситуацијата на терен по инцидентот во неделата во косовското село Бањска, денеска изјави дека нема намера да и нареди на армијата да ги премине административните премини со Косово, додавајќи дека ќе ги повлече српските сили од тоа подрачје бидејќи, како што наведе, ескалацијата на конфликтот би била контрапродуктивна кога станува збор за желбата на Србија да стане членка на Европската Унија.

Во изјава дадена за Фајненшл тајмс сепак забележува дека предупредувањата на Вашингтон се непропорционални бидејќи бројот на српските сили на теренот се намалува.

Минатата година имавме 14.000 луѓе во близина на административната линија, денес имаме 7.500, затоа ќе го намалиме тој број на 4.000“, рече Вучиќ.

Меѓувреме владата на Косово вечерва соопшти дека внимателно и будно ги следи последните случувања во врска со движењето на српските воени единици. Во соопштението се додава дека движењата на српската војска биле извршени од три различни правци.

Дека тензиите ни оддалеки немаат изгледи дека се смируваат говорат и денешните информации кои ги пренесуваат регионалните медиуми. Српските медиуми известуваат дека продолжува теророт на косовските безбедносни сили врз српското население односно дека брутално биле претепани тројца жители од Зубин Поток.

Безбедносните структури на Приштина пак информираа дека и денеска пронашле голем арсенал на оружје расфрлани низ планинските предели во подрачјето на селото Бресница.

Пронајдени се четири панцир елеци со околу 30 рамки со муниција или околу 1000 куршуми, три пушки, 6 пиштоли, рачен ракетен фрлач, униформи, маски, ракавици, два радиоприемници.

Косовската полиција соопшти дека продолжува да го чешла теренот на Северот од земјата и да воспоставува контрола по инцидентот кај селото Бањска.