Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За 920 денари зголемување на синдикалната минимална кошница за јануари во однос на декември

/

пред 257 дена

Сподели преку :

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јануари 2026 година изнесува 66 413,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец декември 2025 год. која изнесува 65 492,00 денари, забележано е зголемување  за 921,00 денари.

Додека пак со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јануари изнесува 81 788,00 денари, соопштија од Сојуз на синдикатите на Македонија.

Ова ја покажува реалната финансиска тежина со која се соочуваат граѓаните и ја отсликува потребата од соодветни примања за задоволување на основните животни потреби, велат од ССМ.

Од таму укажуваат дека, и покрај мало зголемување на кошницата, трошоците за живот продолжуваат да растат, особено поради покачувањата на цените на енергијата, храната и станбениот простор.

Апелираат до властите да се преземат мерки за обезбедување доволни примања и заштита на куповната моќ на граѓаните, со цел секое семејство да може да живее достоинствено и без дополнителни финансиски притисоци.