Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За една година починаа двајца претседатели на „Лукоил“

/

пред 1076 дена

Сподели преку :

Претседателот на руската нафтена компанија Лукоил, Владимир Некрасов ненадејно почина на 66 годишна возраст, со што стана вториот шеф на Лукоил што почина за нешто повеќе од година дена. Од компанијата соопштија дека Некрасов починал од срцев удар.

Претходниот шеф на Лукоил, Равил Маганов, почина во септември минатата година откако падна од прозорец во болница во Москва.

Интересно е што Лукоил јавно превзема став против инвазијата на Украина. Во соопштение објавено во март минатата година на веб страницата на компанијата, се вели дека таа е загрижена поради трагичните случувања во Украина, и дека таа поддржува отварање на преговори за прекин на конфликтот. Надзорниот одбор на компанијата тогаш повика на итен прекин на огнот.