Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За НАТО да ги помогнат САД околу Иран треба да се носи на маса во Брисел

/

пред 186 дена

Сподели преку :

Секоја одлука на НАТО за помагање на САД во војната со Иран треба да се решава на заедничката масата на Алијансата во Брисел, како заедничка политика на земјите-членки, но откако такво конкретно барање ќе стаса до Алијансата. Ова е заеднички став на претседателите на Македонија и Црна Гора, Гордана Сиљановска Давкова и Јаков Милатовиќ, за барањето на американскиот  претседателот, Доналд Трамп, за помош од НАТО.

  • „Не знам за каква конкретна поддршка се работи. Значи, тоа треба да се чуе за да може да се одговори, бидејќи рековте очекува поддршка од НАТО. Веројатно откако конкретно ќе дознаеме и размениме мислења во рамките на НАТО, не сами, ќе може да ви одговориме“, рече Давкова.

Според црногорскиот претседател, кој денеска и утре престојува во официјална посета на земјава, кога станува збор за потенцијално воено учество тоа не е тема која моментално се разгледува во рамки на НАТО.

  • „На секое потенцијално, конкретно прашање во тој контекст секако дека ќе ние и секоја друга земја-членка навремено ќе се определиме“, рече Милатовиќ.

Двајцата шефови на држави по заедничката средба зборуваа и за евроинтеграциите при што Милатовиќ рече помошта која ќе ја даде за регионот членството на Црна Гора во ЕУ ќе биде порака дека тоа е остварливо и можно.

Претседателката Давкова даде свој став за амандманот на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, за правно толкување на Протоколот со Бугарија од страна на Европскиот совет.

  • „Мислам дека тоа барање е задоцнето, но секо барање за правна интерпретација е добро. Мислам дека уште при расправата за преговарачката рамка и за заклучоците требало да се води сметка за основните принципи и вредности на ЕУ,“ рече Давкова.

Давкова пак изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Македонија е подготвена да чека и децении на членство за да добие предвидливост на процесот, смета дека била дадена во условна форма и нејзин став е дека Македонија треба да стане членка на ЕУ веднаш по Црна Гора, ако се води според технички критериуми и низ призма на реформите.

Тамара Грнчароска

Б.С.