Рускиот претседател Владимир Путин положи венци со лента во боите на руското знаме на Споменикот на паднатите херои и на мавзолејот на основачот на Комунистичката партија на Виетнам, Хо Ши Мин.
За време на посетата на Виетнам тој потпиша серија договори со неговиот виетнамски колега То Лам. Покрај договорите од областа на науката, истражувањето на нафта и гас, тие се согласија да работат на патоказ за центар за нуклеарна наука и технологија во Виетнам.
„За жал, постојат елементи на надворешно влијание. Па, на пример, виетнамски оператор одбива технички да ги сервисира нашите авиони на „Аерофлот Ербас“. Но, тука има прашања поврзани со, добро, сите сте дипломирани овде, можеме да сметаме дека сме едно семејство, затоа треба да зборуваме искрено. Тоа значи дека се работи за терциерни санкции, од трети земји. Сега нема да навлегуваме во детали, но разбирате за што зборуваме, треба да го решиме ова. Можеме ли? – Да, ние можеме“, рече Путин.
Посетата се случува во време кога Москва се обидува да ги зајакне врските во Азија за да ја неутрализира растечката меѓународна изолација поради нејзините воени дејства во Украина. Европската унија, пак, денеска го воведе 14-от пакет санкции за Русија.











