Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За околу 50 отсто поскапел мазутот за само еден месец

/

пред 185 дена

Сподели преку :

За еден месец цената на мазутот се зголемила за речиси 50 отсто. Ако се погледнат извештаите на Регулаторната комисија за енергетика,  пред стартот на воениот конфликт на Блискиот исток, мазутот чинел 34, 5 денари за килограм. Во последното соопштение од РКЕ неговата цена дистигнува и до  50, 4 денари за килограм, што покажува дека овој енергенс за еден месец значително поскапел.

ЕСМ е меѓу онои кој кај нас го користат за производствот на струја во одредени ситуации. Компанијата во моментов има на располагање околу 3.000 тони од државните резерви кои ги добија со кризната состојба на крајот на минатата година. До сега немаат повлечено, затоа што од Грција добавувачот го испорачува според договореното, иако според информации на Телма од таму се пожалиле дека набавната цена им е повисока во однос на онаа по која го продаваат.

Во државните резерви има вкупно 5.000 тони мазуот кои ќе се обновуваат во мај. За да добие ЕСМ дополнителни количини ако дојде до тоа, ќе мора државата да прогласи кризна состојба и на пазарот со струја, но за сега според изјавите на премиерот нема потреба од тоа.