Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доналд Трамп во обид да го “заземе” Холивуд- Ќе се доделуваат филмските оскари

/

пред 580 дена

Сподели преку :

Себастиен Стен кој го глуми Доналд Трамп во филмот “The Apprentice” (Чиракот) е еден од 5-мината актери номинирани за најдобра машка улога на 97-те награди на Американската филмска Академија. Оскарите ќе бидат доделени ноќеска.

И претходно имало номинации за актери кои биле филмски претседатели на САД, но Стен е првиот номиниран кој глуми актуелен претседател.

Со најмногу номинации, дури 13, најголем конкурент на филмскиот Трамп се, не една туку две работи со кои вистинскиот Трамп, во кампањата за претседател, се бореше и во политичкиот свет. Филмската приказна “Емилија Перез” за водач на нарко картел кој сака да го промени родот во жена и да се скрие пред американските служби доби најмногу номинации, меѓу кои и оное за најдобар филм и режија.

Чиракот за Трамп доби 3 номинации, а “Бруталист” и “Wicked” по 10 номинации.

Водител на церемонијата за овогодинешните Оскари е Конан О’Брајан.