Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Забранет сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци во државата

/

пред 666 дена

Сподели преку :

На територијата на земјава на сила се забрани за тешки товарни возила на неколку патни точки. Од 7 часот е воведена на планинскиот премин „Ѓавато“, како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Затворен за сообраќај на камиони е патниот правец Гостивар – Маврово – Дебар во двете насоки.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија Пат“.