Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Задарскиот принц“ вчера се насука на карпата кај Крилијан на островот Премуда – сѐ уште не се знаат причините

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Катамаранот „Задарскиот принц“ вчера се насука на карпата кај Крилијан на островот Премуда во Хрватска. На бродот имало многу патници кои оделе на продолжен викенд на хрватските острови. Островјаните од Премуда веднаш реагирале и дошле со чамци да помогнат во спасувањето на патниците.

Засега нема официјални податоци за повредени и за штетата на катамаранот. Надлежните на Капетанија на пристаништaта во Задар на местото на поморската несреќа вршат истрага за причините несреќата.

Бродската компанија Јадролинија го испрати бродот „Владимир Назор“, кој ќе ги собере патниците на островот Премуда и ќе ги префрли во Задар.