Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Загинаа тројца  работници, а двајца се повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш

/

пред 405 дена

Сподели преку :

Во тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш загинаа тројца  работници, а две лица се повредени.

Несреќата се случи утринава кога комбито кое ги превезувало работниците излетало од мостот на Балталиска река во близина на село Лакавица.

Медицинскиот тим на Итната медицинска помош на лице место констатирале смрт на две лица, третиот работник е реанимиран, но подлегнал на повредите.

Според првичните информации станува збор за работници од Бангладеш.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев изјави дека во моментов е хоспитализарно едно лице, на кое во моментов му се прават прегледи од лекарите.

Викторија Јованова

Има починати и повредени- комбе кое превезувало работници излета од мост на експресниот пат Штип-Радовиш