Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Загинати 202 лица, 102 се водат како исчезнати – биланс од земјотресот со Јапонија

/

пред 1021 дена

Сподели преку :

Во земјотресот што го погоди западниот дел на Јапонија на 1 јануари загинаа 202 лица, соопштија денеска официјални лица. Според новиот биланс што го објавија локалните власти, 102 лица се водат како исчезнати.

Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот полуостров Ното во префектурата Ишикава на 1 јануари.

Земјотресот уништи тесен појас долг околу сто километри во Јапонското Море, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и уривање на згради и патишта.