Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Закочена е есенската сеидба – јачменот и пченицата сè уште не се завршени, велат земјоделците

/

пред 316 дена

Сподели преку :

Поплавите и обилните врнежи на дожд што ја зафатија источна Македонија, ја стопираа сеидбата на житните култури. Сеидбата на јачменот и пченицата сè уште не е завршена, велат земјоделците. Во штипско-овчеполскиот регион, околу 40% од површините не се посеани со житни култури. Земјоделците стравуваат дека задоцнетата есенска сеидба ќе значи и помалку произведени количини на јачмен за стоката и лебно зрно.

Универзитетскиот професор од штипскиот Земјоделски факултет, Мите Илиевски вели за да се спаси сеидбата, земјоделците треба да почнат и со сеење на пролетни или факултативни сорти на житни култури.

Македонските земјоделци околу 85% од површините под жито ги сеат наесен, поради тоа што имаат и повисоки приноси. Но, производството на жито не ги задоволува потребите на пекарската индустрија, па затоа во нашата земја има и увоз на пченица, односно на лебно зрно.

Викторија Јованова