Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заложници за затвореници, обнова на Газа, повлекување на Израел и размена на тела – Хамас со понуда за крај на војната

/

пред 991 дена

Сподели преку :

Хамас ја достави својата понуда за прекин на огнот во Газа за период од четири ипол месеци што би довела и до крај на војната во Појасот. Според нацрт документ до кој „Ројтерс“ имаше увид, во понудата на палестинската милитантна група се предвидуваат три фази, а секоја од нив би траела по 45 дена.

Во предлогот на сунитската исламистичка група е вклучена и размена на израелските заложници кои беа киднапирани на 7 октомври со Палестинци од во израелските затвори. Се споменува и обнова на Газа која би требала да почне веднаш, целосно повлекување на израелските сили, како и размена на тела и посмртни остатоци. Понудата на Хамас е одговор на минатонеделниот предлог кои ги испорачаа египетските и катарските посредници со поддршка на Израел и САД.

Според предлогот на Хамас, сите израелски заложнички, помлади од 19 години, како и возрасни и болни, би биле ослободени во првите 45 дена во замена за палестински жени и малолетници во израелските затвори. Мажи во заложништво би биле ослободени во втората фаза, а посмртните остатоци на убиените заложници би биле разменети во последната фаза. До крајот на последната фаза, Хамас очекува да биде постигнат и договор за завршување на војната.

Милитантната група која владее со Газа наведува дека сака ослободување на 1.500 затвореници од кои третина би била одбрана од списокот на Палестинци кои се осудени на доживотен затвор. Примирјето, исто така, би требало да овозможи зголемување на испораките на храна и останата помош за Газа.