Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Запленети околу 130 килограми марихуана на Табановце

/

пред 354 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Куманово отвори истражна постапка против српски државјанин осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги откако лицето на преминот Табановце пред два дена се обидел да прошверцува околу 130 килограми марихуана. Царинските службеници при контрола на камион со полуприколка – ладилник – со словенечки регистарски ознаки пронашле 129,7 килограми марихуана скриени во 14 торби. Камионот е во сопственост на превозна компанија од Словенија, а дрогата била сокриена во товарниот простор. Јавниот обвинител поднел предлог до судија на претходна постапка за определување мерка притвор за осомничениот.