Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Запленети, речиси, три милиони наркотични таблети – полициска акција во Истанбул

/

пред 259 дена

Сподели преку :

Вкупно 2,76 милиони наркотични таблети и 314 килограми наркотични супстанции се конфискувани во операција против трговијата со дрога во Истанбул, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на платформата Икс.

Во полициската акција приведени се две лица под обвинение за дистрибуција на наркотици.

Јериклија наведе и дека во друга полициска операција во Истанбул Текирдаг, Коџаели, Сакарја и во Хатај, приведени се седум лица осомничени за поврзаност со операцијата на шпанската полиција од пред неколку дена, во која беше пресретнат брод со 10 тони кокаин. Во акцијата на шпанската полиција приведени се 13 членови на екипажот, меѓу кои четворица Турци, еден Србин, еден Унгарец и седум Индијци.