Денеска стартуваше антикорупциската кампања „0% корупција – Ајде да е вистина!“, со цел да ги охрабри граѓаните да пријавуваат корупција и неправилности.
Кампањата, поддржана од ЕУ и спроведена во соработка со МВР, ќе се реализира преку социјални медиуми и јавни личности.
Од МВР порачаа дека ќе се обезбеди заштита за пријавителите, а институциите ќе работат на поголема транспарентност и брзо процесуирање на случаите.











