Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Започна судењето против криминалната група Беланоца/Барон

/

пред 409 дена

Сподели преку :

Со воведни зборови на обвинителството започна денешното судење против криминалната група Беланоца-Барон и нејзиниот лидер Фатљум Ајети Тоте со големо полициски обезбедување во судницата во Идризово.  Им се суди за најмалку 8 убиства, изнуди, закани, злосторничко здружување, но и палење на објекти и возила на вработени во затворите.

Обвинителката Верица Бержетска Крстева пушти видео од новинарски истражувања на Телма и КОД за историјата на криминалната група и за убиствата кои им се ставаат на товар, заедно со разговори обезбедени од  ПИ мерки кои се воделе во затворски ќелии, како и прилози од други медиуми. Првообвинетиот Ајети Тоте се противеше на објавата на видеото бидејќи на него беше и неговиот покоен татко Џељал кој претходно ја предводеше групата до неговото убиство.

„Ќе видиме луѓе кои од една страна се декларираат како верници и муслимани, а од друга страна се вмешани во убиства, дрога, проституција, а дека еден имал и желба да изврши самоубиствен напад во толпа луѓе, а на истото го учел и неговиот син. Има луѓе кои немаат јасна кауза и лојалност наспрема никој. Денес кројат планови заедно, а утре се ликвидираат меѓусебно“, рече обвинителката Верица Бержетска Крстева.

И обвинетиот Гани Марку, кој се товари за вршење на неколку убиства ја предупреди обвинителката и судијката дека не смее да пушта снимки и од неговиот татко, кој исто така беше убиен.

Марку вусшност се години дека бил извршител на убиството Орхан Бајрами Оки на Халкидики, кој еден од лидерите на спротиставената група Дуќанџик/Грчец. На ова претходеше и двојното убиство на соработниците на Оки, Јетон Кривањева Жила и Енес Исеинов Љаци во Шиша бар. Тоте, според обвинението,  обезбедил 250.000 евра и конкретни насоки.

Вкупно се гонат 9 лица, а меѓу нив е лидерот на Барон, Акиф Равманоски, како и Зулќуфли Нуредини познат како Мали репки на кој на товар му се ставаат и три ликвидации. На обвинителна клупа се и браќата Маслани. Едниот од нив Шенаси Маслани е познат во јавноста како Шенки версаче и неговата опседнатост со модниот бренд. Останатите кои се обвинети се Решат Исмани, Абдула Садики и Акиф Мемши.

Дел од одбраната пред воведните говори на обвинителката приговараше за начинот на кој се одобрени ПИ мерките, бидејќи нивните клиенти Ајети, Марку и Нуредини биле снимани додека отслужувале казна во затворите, а не во приватен простор. Судењето продолжува на 12 септември.

Марија Митевска