Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Запре потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

/

пред 940 дена

Сподели преку :

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шестe лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се мртви, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила вчера, откако колабираше еден од столбовите на мостот „Френсис Скот Ки“ по удар од огромен товарен брод.

Луѓето по кои се трагаше се работници кои работеле на санација на рутата во моментот на ударот, а паднале во водите од висина од 50 метри.

Две други лица се извлечени и спасени од водата, чија температура во моментот на падот била околу -1 степен.

Американските медиуми јавуваат дека товарниот брод „Дали“ под сингапурско знаме, кој удрил во мостот, бил вклучен во уште еден инцидент во пристаништето Антверпен во Белгија во 2016 година.