Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Застари делото на Мијалков во „Титаник 2“

/

пред 1292 дена

Сподели преку :

Гонењето на Еск директорот Сашо Мијалков за делото поврзано со предметот „Титаник 2“ кое се однесува на изборните нерегуларности од 2013 година престанува. Делото застарува бидејќи навршија десет години од денот кога беше покренато обвинение за него.

Со ова од шест предмети кое се водеа за него за четири веќе има решение, ослободителна пресуда за „Тортура“, условна казна за „Плацеви на Водно“.

Единствената правосилна затворска казна Мијалков ја доби за случајот „Империја“, во кој се спогоди со обвинителството. Тој одлежува три години, во затворот од отворен тип во „Струга“, каде затворениците имаат право на работно отсуство и практично само преспиваат во ќелиите.

Му остануваат уште предметите „Трезор“ и „Таргет Тврдина“ од кои вториот е се поблизу до застарување.