Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заврши најголемата размена на затвореници меѓу Русија и Западот по завршувањето на Студената војна

/

пред 810 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден ги пречека тројцата американци кои по повеќе години во руски затвор се вратија на американско тло во историска размена на затвореници меѓу Русија и Западот.

Рече дека чувството е прекрасно, а посебна заслуга им оддаде на Германија и Словенија, за како што рече тешките одлуки кои биле „против нивните лични интереси“.

Во размената на американско-руски затвореници, Москва ги ослободи новинарот Еван Гершкович и неговиот колега Американецот Пол Вилан, заедно со дисидентите меѓу кои и Владимир Кара-Мурза.

Со коментар се огласи и германскиот канцелар Олаф Шолц кој истакна дека Германија не ја прифатила лесно одлуката да го ослободи Вадим Красиков, кој беше осуден за убиство извршено сред бел ден во парк во Берлин.

Тој е поранешен офицер на ФСБ кој се смета за централна фигура, барем за Путин, во размената на затвореници.

И Путин доцна синоќа ги пречека ослободените затвореници заблагодарувајќи им се на лојалноста кон земјата, нарекувајќи ги вистински Руси.