Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заврши рочиштето, се чека одлуката на судот дали ќе има притвор за Зекири

/

пред 1640 дена

Сподели преку :

Нема одлука, сега заврши рочиштето, оставивме судот да одлучува, кога ќе има одлука судот ќе не повика.

Заврши рочиштето за определување притвор на генералнито секретар на владата Мухамед Зекри, соопшти обвинителката Катерина Коларевиќ. Таа додаде дека обвинителството ги изнело аргументи кои што ги бара законот за кривична постапка и сега останува на судот да донесе одлука.

Обвинителството секогаш кога поднесува предлог за некаква мерка секогаш очекува од судот да биде прифатена, инаку не би ја поднесувале, изјави Коларевиќ на прашањето дали очекува судот да одреди притвор за Зекири.

На прашањето зошто на судот му беше потребно повеќе од еден ден да ги свика рочиштето, Коларевиќ рече дека не знае, исто ако што не може да каже дали со одолговлекувањето Зекири некако би можел да влијае на случајот.

Ние вчера околу 15 часот, 15 и 30 предлогот го поднеовме во судот. Од тој момент до денес не бевме информиарани. Во текот на денешниот ден од страна на судот бевме известени дека се испратени наредби за приведување на осомничениот, рече Коларевиќ.

За двајцата осомничени државјани на Хрватска Коларевиќ рече дека немаат сознанија каде се наоѓаат, претпоставуваат дека ја напуштиле територијата на Македонија, но судот има доставено наредба за приведување, дури откако ќе добие официјален податок ќе има доказ дали се тука или не.