Како што информираат од Владата за Телма, сребата меѓу премиерот Мицкоски и министерот за здравство Таравари е завршена и истата поминала во конструктивен дух.
Од владаta велат дека дефинитивна одлука за иднината на Алијанса нема денеска, а разговорите продолжуваат и во текот на овој месец.
Премиерот Христијан Мицкоски пред Таравари ги повторил јавно искажаните ставови дека неговиот коалиционен партнер Арбен Таравари има две опции, едната опција е оваа која ја нуди оваа Влада, а втората опција е онаа опција која години наназад, би рекол повеќе од две децении, ја криминализираше државата, трета опција нема.











