Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Завршни зборови за судењето за модуларната болница од Тетово

/

пред 527 дена

Сподели преку :

Во тетовскиот суд денеска e закажано рочиште за завршни зборови за случајот со пожарот во модуларната болница во која животот го загубија 14 пациенти кои се лечеа за време на ковид пандемијата. Им се суди на поранешните директори и на болницата како правно лице.

По завршните зборови се очекува и изрекување на пресудата, откако на претходното рочиште заврши доказната постапка. Завршни зборови денеска дава обвинителството и одбраната на обвинетите.

Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товараат за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, додека Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Тие на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но дека не чувствуваат вина.

Првата пресуда за директорите беше условна, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“. Апелацискиот суд во Гостивар го врати предметот назад во Основниот суд поради нејаснотии во пресудата.