Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Завршува рокот за дополнителните документации за општините од унгарскиот кредит

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николовски, се сретна со претставници на ЗЕЛС на разговори за измените на два закони кои треба да помогнат за развој на општините: Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење. Со овие измени ќе се овозможи градба на училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи во 100% општинска или државна сопственост да се реализираат по поедноставена постапка и без потреба за плаќање комуналии.

Во меѓувреме, треба да биде објавено кои проекти која општина ќе ги добие, а кои ќе се финансираат со средства од унгарскиот кредит. Според претседателот на ЗЕЛС, со овие средства ќе бидат надминати повеќедецениски проблеми на општините.

„На 15ти ќе има официјално објава која општина кои проекти ги добива. 15 е денес, во текот на денот ќе ги добиеме сите информации од јавен карактер поврзано со сите проекти. И во наредниот период на начин што како ќе се одвива динамиката на реализација по ситуација така ќе легнуваат и парите за исплата према оние оператори кои би работеле на реализација на проектите. Ова не се средства за раздолжување на општините, ова не се средства кои ќе завршат за набавка на нови возила за градоначалниците, за непродуктивни трошоци, туку за реализација на проекти, туку повеќедецениски проблеми на нашите граѓани“ изјави Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС.