Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Здравева: Дамките врз институциите се таложат една врз друга, постои генерална недоверба во институциите на системот

/

пред 550 дена

Сподели преку :

Дамките врз институциите, барем јас имам впечаток, се таложат една врз друга и дека постои генерална недоверба во институциите на системот со мали, ситни, времени проблесоци, рече професорката Неда Здравева, претседателка на Хелсиншки комитет, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Ниска доверба имаат сите институции на системот. И судската, и извршната и законодавната власт. За многу мал број на процентни поени се разликуваат една од друга, иако најчесто е напаѓана судската власт за најмалку доверба. Подеднакво ниска доверба уживаат политичките партии“, рече Здравева.