Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Здравствениот систем кубури со медицински сестри

/

пред 456 дена

Сподели преку :

Здравствениот систем кубури со медицински сестри. Анализите на Унијата на здруженија, предводено од Здружението на медицниски сестри, техничари, акушерки, стоматолошки сестри „За нас“ покажала дека во јавните здравствени установи во државата недостигаат 6.000 медицински сестри. Од таму велат дека огласот кој во моментов е во тек за вработување на 240 медицински сестри, не значи вработување на нов кадар, туку трансформација на веќе постојни вработени од довор на дело во редовен работен однос.

„Што значи дека со тоа не се надополнува бројката, дека останува дефицитот и понатаму, затоа што со сите овие, со нив е веќе инициран дефицитот. Има проекции во систематизациите во здравствените институции каде што треба сестрите да се пребројат и тие систематизации ги бројат сестрите врз оносва на потребите и бројките – број на лекари, креветна зафатнина, број на пациетни. Се знае точно на секој оддел на секој дел, каде, колку сестри се потребни“, вели Бешлиовска, претседателка на Унијата на здруженијата.

Бешлиовска информира дека најголем недостиг има од медицински сестри во стационарите кеде што се лежечките пациетни, но и голем дел во специјалистичко-дијагностичките методи каде е потребна и стручна и специфична дообука за работа.

„Во стационарите имаме голем дефицит и заради летните и годишните одмори болниците се ставени во ситуациј да мора да затвораат одделенија, да фузираат одделенија за д аможат персоналот да го надополнат од едно во друго одделние. Но така не се решава проблемот, така уште повеќе ги достасува сестрите синдромот на согорување“, вели Бешлиовска.

Дополнително, вели Бешлиовска преку ноќ не се создадете инструментарка, анестетичарка, хируршко медицинска сестра или за дијализа, а најмалку може тоа да се направи со затворање на оддели и фузирање или префрлање на сестрите од една на друго одделение.

Ставот на Унијата на здруженијата на медицинските сестри е дека политиките на менаџерите на болниците треба да се водат кон планирање на нови вработувања, но и доедукација и дообразование на медицинските сестри, како и влог во точни бројки и стандарди за да има ефикасност на болниците, која се мери во скратување на болничкиот ден на пациентите што зависи и од медицинските сестри кои водат грижа за нив.

На пазарот на трудот има медицински сестри со стручно знаење, смета таа, но е на став дека здравствениот систем не ги препознава и не ги отвора вратите за нив. Сепак тоа не е доволно за да ја пополни дупката од 6.000 медицински сестри во јавно-здравстениот систем.

„Во Агенцијата за бработување последната бројка им е 742, но тие не постојат, тоа е само бројка која не ја земајте за сериозно, бидејќи ниту ги има, ниту постојат. Ќе ги сретнете во бутици, ќе ги сретнете во кафетерии, козметички салони, многу од нив заминати од професијата, заминати од земјата, а еден дел се бројат во Агенцијата за вработување кои што се на договор на дело во болниците, бидејќи немаат здравствено осигурување и не со статус на редовно вработени, се водат како невработени“, вели Бешлиовска.

Од Унијата на здруженијата на медиинцкските сестри очекуваат идната недела да имаат средба со министерот за здравство за да му ги изложат проблемите, но и да понудат решенија за проблемите на медицинските сестри, како што се договорите на дело, контунираните конкурси, измени и дополнувања во Законот за здравствена заштита, за Законот на сестри, Комората на сестрите, лицебци за медициснки сестри, но признавање на образовните квалификации на сестрите, но и за здравата работна средина во која тие треба да работата.

Бешлиовска смета дека меѓународниот Конгресот на медицинските сестри кој треба да се одржи во октомври, а на кој ќе учествуваат претседатели на 13 европски и светски инстутуции и асоцијации на медицински сестри, но од болници од странство, ќе изврши и меѓународен притисок врз властите за побрзо решавање на проблемите со кои се соочуваат медицинските сестри во земјава.

Тамара Грнчаровска