Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски го разреши и началникот на Генералштабот на украинската војска

/

пред 988 дена

Сподели преку :

Генерал потполковник Сергеј Шаптала е разрешен од должноста началник на Генералштабот на Оружените сили на Украина, изјави украинскиот претседател Володомир Зеленски во вечерното обраќање до нацијата.

На негово место е именуван генерал мајор Анатолиј Бархилевич, а поставен е, исто така, и негов, како и заменик на врховниот командант на украинската војска, Александар Сирски.

Зеленски наведе дека Бархилевич е назначен на предлог на Сирски, истакнувајќи дека раководењето со армијата го презема нов тим.

Зеленски во 2020 година воведе нова позиција – врховен командант на Оружените сили на Украина, покрај постоечката позиција – началник на Генералштабот.