Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека смета на единството и храброста на своите сонародници, како и на прагматизмот и „конструктивниот“ пристап во односите со САД… „Ние стоиме цврсто на сопствените нозе.
Сметам на украинското единство, нашата храброст на единството на Европа и прагматизмот на Америка“, рече Зеленски во своето редовно видео обраќање.
„Затоа што на Америка и треба успех исто како и нас“ додава тој.
Зеленски рече дека денеска ќе се сретне со американскиот претставник за Русија и Украина, Кит Келог, и дека „од клучно значење за Украина е оваа средба и целата соработка со Америка да бидат конструктивни“.











