Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: Не можеме само да се повлечеме од Донбас, тоа е надвор од нашиот закон

/

пред 287 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина, како дел од кој било мировен договор со Русија, не може едноставно да се повлече од своите територии, нагласувајќи дека ова прашање оди подалеку од законската рамка и директно влијае на животите на луѓето. Тој го кажа ова во интервју со новинарот Брет Бајер за Фокс њуз.

  • Не можеме само да се повлечеме, тоа е надвор од нашиот закон. Не можеме само да се повлечеме од нашите територии. Но, не станува збор само за законот. Таму живеат луѓе, 300.000 луѓе.Не можеме да ги изгубиме овие луѓе, нагласи тој.

Неговите изјави следеа по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во неделата во Мар-а-Лаго. „Благодарен сум му на претседателот Трамп, навистина, тоа беше многу продуктивна средба, а во Мар-а-Лаго можеби има поинаква атмосфера“, рече Зеленски, зборувајќи за она што го нарече една од подобрите средби лице в лице со Трамп, нивна шеста оваа година.

Зеленски го призна заморот од војна кај Украинците, но истакна дека јавната поддршка е јасна. „Луѓето го сакаат тоа, 87 проценти го поддржуваат мирот. Во исто време, 85 проценти се против повлекување од исток, од Донбас“, тврдеше тој.

  • Сите страни мора да разберат дека најлошиот начин е да се излезе од таму, од Донбас. Тоа ќе биде голем ризик за Украина, неприфатлив за Украина,  но тие ќе го прифатaт, само лично. А референдумот нема да биде позитивен, истакна Зеленски.