Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски нуди украински пожарникари да гаснат пожари во Лос Анџелес

/

пред 645 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека пожарникарите од неговата земја се подготвени да помогнат во борбата со пожарите во Калифорнија.

„Денеска дадов инструкции на украинскиот министер за внатрешни работи и на нашите дипломати да се подготват за можно учество на наши спасувачи во сузбивање на пожарите во Калифорнија. Понудивме наша помош на американската страна преку релевантни канали, 150 наши пожарникари се веќе подготвени“, напиша Зеленски на Икс.

Тој рече дека ситуацијата во Калифорнија е „исклучително тешка и Украинците можат да им помогнат на Американците во спасување на животи“.